Виктор Весково со подморница се спуштил во најдлабоката дупка во светот, Маријанскиот ров, на длабочина од 11 километри.
Маријанскиот ров е место кое се наоѓа на западот на Северниот Тихи Океан и тука се наоѓа најдлабокото место на планетата Земја. Научниците одлучиле да го допрат дното и да се спуштат на длабочина од 11 километри.
Виктор Весково бил сместен во мала подморница која била посебно дизајнирана да го издржи големиот притисок кој го има на таа длабочина.
Целта на мисијата била да се истражи дното и да се види какви облици на живот живеат таму, бидејќи на таа длабочина има целосен мрак.
Кога подморницата се спуштила, научниците имале прилика да видат феноменални риби, песочно дно, но и остатоци од пластика кои успеале и на оваа длабочина да ја загадат животната средина.