Категории

Ова е најдобриот ресторан во светот

Најдобар ресторан во светот е италијанскиот ресторан “Osteria Francescana”, во Модена, Италија, а на второ место е шпанскиот ресторан “El Celler De Can Roca”, кој претходната година беше на врвот.  

Престижниот избор на 50 најдобри ресторани во светот се одржа вчера во Њујорк.

Готвачот на најдобрите ресторани во светот е Масимо Ботура, за кој често се зборува дека ја “оживеа” класичната италијанска кујна со комбинација на традиционалното и модерното, кои добираат до сите сетила.

“Ви благодарам на сите. Нашиот бизнис се врти околу напорната работа. Многу луѓе мислам дека сме рок ѕвезди”. – изјави тој, мавтајќи со италијанското знаме на сцената.

2

Ги повика и останатите готвачи во публиката да му помогнат со новиот проект кој планира да го започне во август во Бразил.

Наградата за животно дело ја освои францускиот готвач Ален Пасард, кој го води парискиот ресторан “L’Arpège”, а наградата за најдобра готвачка ја доби Доминик Крен од американскиот ресторан “Atelier Crenn”.

3

Прегледи:
392
Објавено на:
14.06.2016