Бизнис компаниите се соочуваат со широк спектар на кафе решенија, но за да направите вистински избор потребно е да бидете добро информирани.
Да се избере кафе машина која ќе ги освои симпатиите на сите вработени задоволувајќи сечиј вкус не е воопшто едноставно, па затоа кога ќе се одлучите за ваква важна инвестиција, неопходно е убаво да размислите. Доколку вашата компанија брои пет или повеќе вработени, тогаш потребно е да имате квалитетен и мултифункционален кафемат кој не само што ќе нуди секаков вид на типови на кафе, туку воедно ќе го олесни процесот на приготвување и губење време при правењето на кафето.
Тоа на сите нас ни е од големо значење, особено наутро кога го консумираме првото кафе. Кога зборуваме за квалитет, долгогодишно искуство и докажан бренд за кафемати, тогаш зборуваме за Интерфуд Вендинг машините. Во својот огромен спектар на вкусови и машини, овој пат ги издвојуваме Вендинг кафематите погодни за компании со повеќе вработени. Со користењето на овој тип на кафемати, освен што заштедувате време при приготовка на кафето, со едноставно избирање на вкусот кој го посакувате и добивате свежо кафе за помалку од минута, исто така овие кафемати се најекономични. Тоа наједноставно би се објаснило вака :Доколку во просек едно кафе ве чини 30 денари, со Интерфуд Вендинг кафематите истото го добивате за 10 денари. Долгорочно заштедата е повеќе од очигледна, а тоа што станува збор за најквалитетно кафе докажува дека вендинг кафематите на Интерфуд се најдоброто кафе решение за секоја компанија.
На веб страната на Интерфуд, можете да го погледнете големиот избор и да се одлучите за идеалниот вендинг кафемат за вашето работно место. Компанијата Интерфуд има и сервисна мрежа која вклучува 8 технички сервисери. Сите сервисери имаат специјализирана техничка обука која секако вклучува и сервис за ВЕНДИНГ апарати.