Категории

Ова е најлесниот начин за слабеење: За 7 денови изгубете 3 килограми

Нема да почувствувате голем физички замор, но ќе ја добиете линијата што ја посакувате подолго време. Држејќи се за овие правила, можете да ги изгубите вишокот килограми за само една недела.

Пред секој оброк пијте две чаши вода

Оваа количина на течност 5 минути пред јадењето ќе го забрза вашиот метаболизам и храната правилно ќе се преработува, без да се претвори во масни наслаги. Наутро пијте млака вода со лимон и мед бидејќи тоа е одлична детоксикација на организмот.

Кефир и семе

Консумирањето кефир со ленено семе ќе ги исчисти вашите црева од наслагите и ќе ви помогне да согорувате повеќе масти.

Грејпфрут во борбата против маснотиите

Изедете половина грејпфрут пред главниот оброк за ефикасно согорување на маснотиите.

Напиток од мед и цимет

Зовријте 200 мл вода. Во шолја ставете половина лажичка цимет и залијте со зовриената вода и поклопете ја половина час. Кога ќе се олади напитокот, додадете 1 лажичка мед. Испијте половина шолја пред спиење, а другата половина поклопете ја и оставете ја во фрижидерот до следното утро.

Движете се

Во секојдневната рутина сместете го и брзото одење во времетраење од половина час или барем малку динаична прошетка. Тоа ќе се забрза циркулацијата и вашиот метаболизам и ќе допринесе во решавањето на вишокот килограми и да се чувствувате полесно.

Прегледи:
2721
Објавено на:
27.06.2018