На Саемот за невести во Дубаи, дизајнерката Деби Вингам се надмина себеси и својата работа. Таа овој пат ја направи најскапата свадбена торта во форма на невеста, која вреди 1 милион долари.
Тортата е форма на невеста, која е висока 182 cm и тежи 120 килограми. За нејзина подготовка, потрошени се 1.000 јајца, 50 kg фондан и околу 25 kg чоколадо, и тоа само за зацврснување и скулптурирање на лицето, горниот дел од телото, прстите и рацете.
Тортата била печена 10 дена и на почетокот никој не верувал дека се работи за торта. Интересно е тоа што секој детаљ на тортата е рачно изработен, вклучувајќи ги цветовите и бисерите.