Категории

Ова е најскапиот град во светот!

Пресудни се голем број фактори, вклучувајќи ги и трошоците за сместување, превоз, храна, облека, предмети за домаќинството и забава

Ако сакате да заштедите пари во странство, размислете двапати пред да го посетите Хонг Конг – тоа е најскапиот град во светот, според NationalGeographic.rs.

За да се утврди најскапиот град во светот, консултантската фирма за човечки ресурси Мерсер разгледаа голем број на фактори, вклучувајќи ги и трошоците за сместување, превоз, храна, облека, предмети за домаќинството и забава.

Во сето ова, на прво се издвои Хонг Конг. Ова е втора година по ред што овој азиски град се наоѓа на ова „почесно“ место.

Од топ десет најскапи градови, седум се од Азија. Токио се најде на второто место, по што следи Сингапур.

Единствените не-азиски градови кои се рангираат меѓу првите 10 се Цирих, Ашбабат и Њујорк.

Прегледи:
463
Објавено на:
16.10.2019