Категории

Oва е најслободниот град во светот

Насекаде низ светот се појавуваат комуни, заедници и еко-населби кои имаат за цел да го доближи човекот до самиот себе и да воспостави еден солидарен начин на постоење. Во главниот град на Данска, посоти легендата на алтернативната култура наречена Кристијанија.

Знамето на Кристијанија се состои од три жолти кругови поставени на црвена позадина. Овој независен дел од Копенхаген си поседува свои норми и правила.

Во Кристијанија забрането е носење и употреба на оружје, ниту пак смеат да се консумираат тешки дроги. Насилството воопшто не се толерира, а исто така забрането е да се возат и автомобили, поради то најголем број од луѓето се движат пеш или со велосипед.

Жителите во Кристијанија живеат бз никакви стресови и грижи, а голем дел од нив се посветени на медитација и јога.

Една од целите на заедницата е секој поединец да биде одговорен за благосостојбата на комуната, која економски сама се издржува.

Прегледи:
510
Објавено на:
10.02.2018