Според пишаните податоци, палачиките први ги користеле Старите Грци. Се служеле на паузите на театарските претстави како некој вид ужинка. Преливот бил од мед и сусам. Околу театарот секогаш се наоѓал штанд на кој се печеле овие палачинки. Гледачите ги купувале и ги јаделе овие десерти на паузите помеѓу чиновите.
Римјаните го преземале рецептот и го нарекле „alita dolcia“ (нешто слатко).
Рецепт:
- 100 г меко брашно
- 8 лажици мед
- 1 лажица сусам
- 1 лажица маслиново масло
- 200 мл вода
Подготовка:
Брашното истурете го во еден сад, постепено доливајте вода и мешајте додека не се растворат грутките. Додадете, исто така постепено, 4 лажички мед. Кога ќе го загреете тавчето, додадете ги семките сусам и пржете додека не добијат убава жолта боја. Истото тавче загрејте го со масло, турете една четвртина од смесата така што ќе се обликува во округлеста палачинка. Печете ја палачинката и од другата страна додека не пожолти. Повторувајте ја постапката додека не ја потрошите целата смеса. Ова е доволно за 4 палачинки. Печените палачинки премачкајте ги со преостанатиот мед, истурете сусам и послужете.