Категории

Ова е највисоката жена во светот: По втор пат влегува во Гинисовата книга на рекорди!

Гинисовата книга на рекорди објави дека Румеса Гелги, жена од Турција која има 24 години е највисоката жена во светот. Висока е 215, 16 цм. Претходната рекордерка беше жена од Кина висока 233, која почина во 2021.

Румеса уште во 2014. година влегла во Гинисовата книга на рекорди како највисока тинејџерка на светот. Поради последица на болеста која предизвикува забрзан раст, Румеса поголемиот дел од животот го поминува во инвалидска количка.

Дијагностифициран и е Виверов синдром, а нејзиниот совет за луѓето е секој ден да се сетат дека секој недостаток може да се претвори во предност:

„Треба да се прифатите себеси онакви какви што сте, бидете свесни за својот потенцијал и дајте сѐ од себе.

„Мојата висина е повторно измерена. Рекордот е потврден. Горда сум што по втор пат сум светска рекордерка“, изјавила Гелги.

Прегледи:
450
Објавено на:
14.10.2021