Категории

Ова е Нанук, хаската која со години ги спасува планинарите во неволја! (ВИДЕО)

Седумгодишната хаска Нанук помагала во спасувањето на повредена девојка на Алјаска. Нанук ја пронашол повредената студентка од Тенеси, Амелија Милинг, откако се лизнала на снежната падина и удрила во камен.

Хаската и пришла и и помогнала да се врати на пешачката стаза. Со неа ја провела цела вечер, а следниот ден откако Амелија паднала во рекала Игл, ова куче и помогнало да се извлече од ледената вода.

Амелија по спасувањето го активирала локаторот и така била пронајдена од полицискиот хеликоптер. Таа заедно со Нанук потоа била хоспитализирана поради полесни повреди и набргу била пуштена од болница.

„Верувам дека Нанук е ангел чувар“, рекла 21- годишната студентка. Полицајците велат дека Нанук веќе со години извршува вакви акции и дека им прави друштво на планинарите кои ги среќава по патот. Она што е интересно е дека ова куче воопшто не е тренирано за да биде спасувачко куче.

„Се прави сам. Ова е втор пат да спаси некого од давење“, вели сопственикот на Нанук Скот Свифт, кој се грижи за ова куче шест години.