На сите оние жени на кои им е потребен одмор од мажите, тогаш островот SuperShe е вистинското место за нив. Тој важи за вистинска островска оаза на крајбрежјето на Финска, а интересно е тоа што на мажите им е забранет пристап.
Населбата ја основала Кристина Рот, која ветува дека ова ќе биде опуштена оаза само за жени. На оваа идеја дошла за време на нејзиниот одмор во Калифорнија, каде забележала дека кога ќе се појави симпатичен маж, жените полудувале по него. Идејата е на SuperShe островот жените да се фокусираат на самите себе.
Таа не ги мрази мажите, туку едноставно островот е наменет строго само за жени. Исто така таа во иднина ќе ја разгледа можноста да дозволи и нивно доаѓање овде.