Категории

Ова е престолнината на поларните мечки: Како се живее во градот во кој мечките шетаат слободно?

Нема патишта кои водат до малиот канадски град Черчил, кој се наоѓа во провинцијата Манитоба. Но, тоа не спречува илјадници туристи да го посетуваат со воз или авион секоја есен.

Тоа е така затоа што во оваа област, во близина на заливот Хадсон, може да се види најголемиот копнен месојадец на светот: поларната мечка.

Овие мечки најголем дел од годината поминуваат на ледот на заливот Хадсон, ловејќи фоки. Но, во текот на летото кога ледот се топи тие доаѓаат на брегот неколку месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelsey Eliasson (@polarbearalley)


Понекогаш мечките лутаат и во близина на градот. Во текот на сезоната на мечките, локалните жители велат дека е тоа вообичаено и кога сте во Черчил секогаш постои можност да сретнете поларна мечка.

Прегледи:
1122
Објавено на:
03.12.2021