Категории

Ова е причината зошто сончогледот е секогаш свртен кон сонцето

Сончогледот покрај тоа што личи на сонцето, има и една специфична карактеристика, цело време е свртен накај сонцето, следејќи го од исток кон запад, а отаму го добива и името.

Но зошто овие растенија се движат секој ден, одговор дава ново истражување објавено неодамна во  Science направено од тим од UC Davis, открива некои тајни на движењето на ова растение, а се сведува на деноноќен ритам.

Сончогледите го почнуваат денот свртени на исток. Во текот на денот, се движат за да гледаат накај сонцето, од исток кон запад, а кога ќе зајде сонцето се враќаат во првобитната состојба, на исток чекајќи го изгрејсонцето. Јасно е дека го следат сонцето со одредена цел, а според истражувањето тоа е да се зголеми растот и да привлечат повеќе инсекти за опрашување.

Истражувачите направеле повеќе тестови. Прво тие го прекинувале движењето или ги засадувале на места каде има послаба светлина, а резултатите биле дека тие растенија се помали, имаат помалку лисја и немаат плодови.

Исто така откриле дека прво источната страна расте повеќе, а кога ќе се сврти во текот на денот, расте западната страна на растението.

Stacey Harmer, професор по биологија за растенија во UC Davis и автор на истражувањето, во соопштение соопштение вели дека растението има два механизми за раст: првиот обезбедува базичен раст, а другиот е контролиран од деноноќието. Бидејќи едната страна од растението расте побрзи, го тера растението да се движи, а воедно први првото загревање на исток привлекува голем број на инсекти.