Категории

Природната билка која ја крие тајната на вечната младост

Најпознатата билка на сите времиња која важи за висгинско чудо кога се работи за лекување на кожните проблеми и болести – алое верата и ден денес е лек број еден во медицината и е позната како вистински еликсир за убавина.

Она што ја прави толку позната уште од стари времиња е тоа што се верува дека неа ја користела и кралицата Клеопатра па од таму потекнува и митот за нејзината веечна младост.

Природната алое вера е богата со магнезиум, калциум, есенцијални масни киселини и витамини кои ја задржуваат влажноста и еластичноста на кожата, го негуваат нејзиниот природен сјај и блесок и прават таа да изгледа беспрекорно. Природниот гел од алое верата се нанесува на чиста кожа и се остава неколку часа на лицето да одстои како маска, пото се измива со чиста вода. Поради своето природно својство на хидратација, таа ја прави кожата нежна и мека преку целиот ден.

 

Прегледи:
390
Објавено на:
04.09.2017