Категории

Ова е цвеќарката која ќе биде задолжена за цветните аранжмани на свадбата на Меган и Хари

За 19-ти мај е закажана свадбата на Меган и Хари, а се проценува дека ќе чини 45 милиони долари. 

Полека се средуваат сите детали, за беспрекорна церемонија, а официјалното соопштение на Платата Кенсингтон утрово го обелодени името на цвеќарата која ќе ја разубави церемонијата.

Нејзиното име е Philippa Craddock, а нејзините аранжмани се неверојатни.

„Цветната кралица на Лондон“ е прекарот на Craddock, а таа ќе ја украси капелата Св. Џорџ каде ќе се одржи церемонијата, а на нејзината листа на клиенти се запишани Alexander McQueen, Christian Dior, Hermes и Jo Malone.

Таа нејзиниот бизнис го започнала во 2009 година, а специјалнот и се правење аранжамни од сезонски цвеќиња и зеленило. Цвеќињата кои ќе бидат користени се од кралската палата и паркот Виндзор, а опфаќаат бука, бреза, бели рози, божур (кое е омилено цвеќе на Меган) и бутин.