Категории

Ова е убедливо најдобрата земја за жените во светот

Станува збор за земја која не е многу далечна, а истражувањата покажуваат дека има најдобри услови за женскиот пол.


Можеби претпоставувате дека станува збор за некоја од скандинавските земји, бидејќи одамна е познато дека овие земји имаат најдобар однос кон жените, но не веруваме дека погодивте за која земја станува збор. Да не должиме, најдобрата земја во светот за жените е Шведска.


Шведска е позната по многу нешта: сауни, здравје, балансиран приватен и деловен живот, па и по специјалното кафе. Но, она по што е оваа земја и генерално целата Скандинавија е позната е рамноправноста на половите.


Судејќи по годишниот индекс за најдобри земји на „U.S. News & World Report“, Шведска е најдобрата земја на светот за жените. Данска, Норвешка, Холандија, Канада, Финска, Швајцарија, Австралија, Австрија и Нов Зеланд се останатите земји од топ 10 изборот.


Покрај тоа што рамноправноста на половите е камен темелник на општеството, шведската влада вложува парични средства во се она што го оправдува овој факт: жените добиваат бесплатни и платени вежби за трудници, а можат и да добијат платен одмор од 480 денови за себе и партнерот кога ќе родат или ќе посвојат дете – тие денови можат да ги искористат како сакаат додека детето не наполни 8 години. (Од 41 нација единствено САД нема платено породилно отсуство).


Две третини од универзитетските дипломи им се доделуваат на жени. На професионален план, Шведска е една од земјите со најголема застапеност на жени во парламентот – 5 жени се избрани прв пат во 1992 година, а од 2015 година, 82 жени и 90 мажи биле на чело на главните државни установи.

Прегледи:
532
Објавено на:
12.04.2018