Појадокот е најбитниот оброк во текот на денот, кој не треба да биде прескокнуван. Ова особено важи за децата, младите и дијабетичарите, чиј организам е во развој и потребна му е храна или пак има посебни прехранбени навики.
За возрасните, правилата се поинакви. Доколку имате вишок килограми, немате никакви болести, а наутро не сте гладни, во тој случај не треба да појадувате само затоа што мислите дека морате. Доволно е да изедете едно овошје или да спиете чаша свежо исцеден сок и да го започнете денот како и секој претходно.
Најважното правило кое треба да го следите е да јадете само во оние периоди од денот кога се чувствувате гладни. Јадете најмногу 2 часа пред спиење, затоа што тоа е доволно време храната да се распореди низ организмот.