Категории

Ова е земјата каде што растат најсреќни деца: Дали знаете за која земја станува збор?

Според истражувањето на УНИЦЕФ, на второ и трето место се наоѓаат Данска и Норвешка.

Организацијата на Обединетите нации за правата на децата спроведе студија за менталното и физичкото здравје и академските и социјални вештини на децата на возраст до 18 години во 41 најбогата земја на светот. истражувањето покажало дека земјите во северна Европа се најдобри за живот на децата. На прво место е Холандија а после неа се Данска и Норвешка. истражувањето покажало дека децата во Турција се најмалку задоволни.

Една американка, Рина Меј Акоста, со диплома од Универзитетот Беркли е омажена за холанѓанин и одгледува три деца во Амстердам. Таа го сподели своето мислење зошто децата во Холандија се најсреќни и го опишува типичното детство во Холандија.

„Моите родители поставија доста високи стандарди за академско образование и секој неуспех се сметаше за семеен срам. Дури после доаѓаше прашањето дали јас и моите браќа сме среќни“ – вели Рина Меј.

Кога се доселила во Холандија се сретнала со пораѓај во домашни услови, со помош на бабица и без лекови, децата не посетувале музичко училиште или било каква друга наставна активност и тоа и се чинело прилично чудно.

„Холандските деца најмалку чувствуваат притисок да мораат да бидат успешни во училиште. Нивните родители се среќни доколку нивните деца се среќни. Холанѓаните знаат дека не се совршени и дека ќе направат многу грешки како родители.“

Холанѓаните работат во просек 29 часа неделно а најмалку еден ден во неделата му го посветуваат на децата. Интересно е тоа што доста татковци играат активна улога во растењето и воспитувањето на децата а своите работни обврски ги завршуваат што побрзо со цел да имаат што повеќе време за интеракција со своите деца. Ова слободно време често се нарекува Пападаг што во суштина значи „ден на татковците“.

Родителите се авторитет за децата, детскиот глас се слуша и нивното размислување е доста важно, дури на истото и се инсистира. Сепак, иако родителите го слушаат мислењето на децата, јасно поставуваат граници.

„Мислењето на децата се почитува и се поттикнува да го изразат истото, но на крајот се знае чиј збор е последен и кој е шеф“

Од рано детство се инсистира на голема независност и самостојност а децата се поттикнуваат сами да излегуваат надвор, обично возејќи велосеипед и тоа без надзор. Спортските активности ретко се откажуваат поради лошото време и така децата се прилагодуваат на секакви околности па и временски.

Во Холандија исто така постои традиција на заеднички оброци особено појадок. Никој не почнува да јаде додека не седнат сите на масата и тоа е некој вид на почитување.

Прегледи:
1076
Објавено на:
03.11.2021