Категории

Ова е Зорица: Ќерката на Ирена Спировска прослави матура

Зорица, ќерката на водителката Ирена Спировска, е матурантка. Прославата се одржала во еден од скопските ресторани, а Ирена на својот фејсбук-профил сподели неколку фотографии од ќерка си во свечена тоалета во црна боја.

За нејзиниот изглед се погрижиле креаторката Викторија Арсовска, која и изработи ултра модерна креација , а за шминката Викторија Велјановска.

Зорица за матурската прослава избрала долг црн прозирен фустан, минималистички накит, има малку шминка, а косата и е пуштена За својот изглед доби многу комплименти.

„Ова е за во ‘Вог’, браво за креацијата и моделот Зорица“, „Како манекенка“,  се дел од коментарите под фотографиите.

Прегледи:
2840
Објавено на:
21.05.2018