Категории

Ова лето одберете го Египет за ваша летна дестинација!

Хургада е бисер на Египетскиот брег, се наоѓа на Црвеното море кое туристите со потполно право го нарекуваат „Море со седум бои“. Има околу 150 илјади жители, но во ова туристичко место живеат и околу 10 илјади странци од кои поголемиот дел се занимаваат со туризам.


Се простира на повеќе од 50 км, а новоизградените хотели кои со својата убавина го одземаат здивот, во комбинација со локалниот начин на живот ја даваат вистинската слика на Египет.

Црвеното море на кое се наоѓа градот е вистинска атракција за туристите кои професионално или пак аматерски се занимаваат со нуркање. Идеалната позиција на градот нуди можност за разновидни излети и незаборавни искуства.

Поради фактот што во поголемиот дел од годината, температурата на воздухот не се намалува под 20 степени Целзиусови, Хургада претставува исклучително атрактивна дестинација за туристите.

Сега и вие имате можност да уживате во најтоплото море на светот со бели песочни плажи запознавајќи се со една сосема поинаква култура преку понудата на Флај Туризам. Преку туристичката агенција Флај Туризам вие можете да изберете хотел, времетраење и датум за вашиот престој во Хургада, а тие ќе ви ги понудат најдобрите опции за вас сѐ со цел да имате совршен и незаборавен летен одмор. Доколку сакате Хургада, Египет да биде вашата летна дестинација, изберете ги посакуваните опции на следниот ЛИНК.

 

Покрај Хургада, Флај Туризам нуди и други дестинации кои може да ги посетите на овој начин, сами избирајќи ги најповолните опции за вас креирани според вашите можности и потреби.

 

Покрај неверојатната природна убавина, Хургада нуди ноќна забава во светски познатите клубови, ресторани, кафулиња и барови, како и шетање и купување сувенири и зачини на ориенталните базари.

Оваа година, изберете едно поинакво лето уживајќи во убавините на Хургада и вратете се дома со безброј спомени и нови искуства. Со Флај Туризам не постои невозможна дестинација!

Прегледи:
842
Објавено на:
16.04.2019