Дуњата е многу здраво овошје кое се користи со децении, а преполна е со витамини. Таа е позната како овошје кое може да помогне при кашлање и болки во стомакот.
Семето и листовите се лековити, но и самиот плод. Дуњата може да се јаде свежа, но од неа се прават и сокови, компоти и сирупи кои се еднакво ефикасни и отстрануваат многу здравствени тегоби.
Плодот од дуња изобилува со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, дури и повеќе од лимонот, потоа витамините Б1, Б2, ниацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, хлор. Покрај тоа, содржи и протеини, диеталмни влакна и јаглени хидрати.
Подготовка на сок од дуња:
Измијте и изрендајте килограм дуња, па процедете низ газа. Сокот испијте го веднаш бидејќи брзо оксидира. Најдобро е да го пиете пред јадење.
Подготовка на чај од дуња:
Семките од дуња прелијте ги со превриена вода, оставете неколку минути да отстојат и потоа испијте го.