Категории

Ова овошје менува 10 лекови: Помага при детоксикација на телото, го намалува крвниот притисок, штити од бактерии…

Денес рибизлите се познати по своите прехрамбени и лековити својства кои не треба да се занемарат. Бидејќи нивната секојдневна консумација спречува повеќе од 10 здравствени проблеми, тоа значи дека ја спречува и потребата од исто толкав број на лекови.

Црвената рибизла содржи протеини, јаболкова, лимонова, винска и гама-линоленска киселина. Богата е со калциум и фосфор. Изобилува со витамините од групата Б (Б1, Б2, Б3 и Б6), Ц, А и К. Црвената рибизла е одличен извор на антиоксиданси и минерали кои го подобруваат квалитетот на кожата и косата.

Помага при детоксикацијата на телото и на тој начин ја зголемува отпорноста на организмот од болести. Содржи витамин Ц, како и железо кое помага при анемија. Витаминот Ц има и антихистамински својства кои го намалуваат делувањето на алергените, штитат од бактерии и вируси и ги олеснуваат теговите при астма.

Рибизлата содржи калиум, кој е важен за здравјето на срцето и квалитетната работа на целиот организам. Делува превентивно на хипертензија, го намалува крвниот притисок и помага при намалување на ризикот од мозочен удар. Има и значителна количина на витаминот К, која помага при здравото згрутчување на крвта. Тој витамин е задолжен за одржување на здрави коски бидејќи го регулира калциумот во коските.

Без разлика дали јадете свежи рибизли или во облик на сок или желе, рибизлите имаат одлично лаксативно дејство. Ако се консумира само неколку денови по ред, запекот исчезнува. Црвената рибизла е познат диуретик кој го поттикнува елиминирањето на мочната киселина, што е важно за оболените од гихт или реуматски болести.

Семките во рибизлите содржат гама – линоленска киселина, која го намалува зголемениот притисок, болките и воспаленијата, ги ублажува алергиските реакции и проблемите со кожата. Семките е добро да ги користите за намалување на ПМС болките, алергии, напнатост и стрес, како и при псоријаза и егзема. Изгмечените рибизли з надворешна употреба се користат како облоги при повреда, исекотина или изгореници.

 

Прегледи:
450
Објавено на:
12.07.2018