Категории

Ова се 11 неверојатни факти за Владимир Путин кои досега не сте ги знаеле!

Рускиот претседател Владимир Путин познат е како мистериозна личност која не сака премногу да открива за себе, но еве некоклку чудни навики кои ги потврдиле некои негови соработници.

Путин спие до доцна и својот прв оброк го јаде дури напладне.

По секој појадок оди на пливање бидејќи преку оваа активност му доаѓаат најдобрите идеи.

Тајно е крстен во православна црква кога религијата не била дозволена во тогашната СССР.

Путин не живее во Москва. Тој смета дека градот е премногу загушен и работи од својата палата надвор од градот.

Има црн појас во џудо и бил шампион на универзитетското натпреварување во 1974. година.

Работел на училишната радио-станица и честопати ги пуштал Битлси.

Блиските луѓе го нарекуваат „Цар“, а пред тоа го нарекувале „Шефе“.

Мрази интернет, смета дека тој не е безбеден и дека е збунувачки.

Обожавал шпиунски романи и серии додека растел, особено  „17 moments of spring“ за советскиот двоен агент.

Во 1985. година КГБ го испратил на тајна задача во Источна Германија каде што живеел под името Г-дин Адамов.

Путин не пуши и ретко пие алкохол.