Категории

Ова се најбизарните диети на сите времиња!

Луѓето отсекогаш користеле чудни методи за губење на килограми, а некои од нив навистина биле бизарни. Ова се најбизарните диети на сите времиња, сега за сега.

1727 – Томас Шорт напишал студија под наслов “Причините и последиците за дебелината”, во која приметил дека дебелите луѓе живееле во близина на мочуриштата. Негова препорака била дебелите луѓе да ја променат климатскта средина.

1800 – Луѓето во тоа време се изгладнуваа за да го достигнат изгледот на кралицата Викторија.

1903 – Хорацио Флечер ја “измислил” т.н. диета со џвакање. Тој изјавил дека изгубил 40 килограми со џвакање на храната, без да ја проголта. Тој тврдел дека на овој начин телото го апсорбира само она што му е потребно, додека остатокот е вишок.

1925 – Една марка цигари, во тоа време, ги убедувала луѓето дека ако пушат ќе имаат помалку килограми.

1930 – На пазарот се појавил сапун кој ги согорува мастите. Се разбира, се работело за обичен сапун, но луѓето отсекогаш биле сугестивни.

1970 – Роџер Лин тврдел дека храната треба целосно да се изгбегнува, бидејќи неговата “чудесна“ течност, наречена Пролин, може да ја замени. Најмалку 58 лица кои ја пробале оваа диета имале срцев удар.

Прегледи:
512
Објавено на:
16.11.2018