Категории

Ова се најчестите сексуални фантазии- откријте зошто ги имаме

Секој има сексуална фантазија, но ретко кога зборува за истата со пријателите, од страв дека ќе биде осудуван. Ова се најчестите сексуални фантазии кои повеќемина луѓе ги имаат.

Групен секс

Оваа популарна фантазија вклучува сè, од тројка до оргија со повеќе луѓе. Иако луѓето ги сакаат своите партнери и чувствуваат блискост со нив, моногамијата за некои луѓе може да биде прилично здодевна.
На луѓето не им е атрактивна сексуалната рутина, а фантазирање за групен секс сигнализира дека сексуалниот живот станува предвидлив.

Груб секс

Милиони луѓе сонуваат за груб секс, вклучувајќи и S&M (садизам и мазохизам) или BDSM.
BDSM е популарна сексуална фантазија, бидејќи ја менува состојбата на умот. Покорните луѓе бегаат од самосвест, додека доминантните го зголемуваат фокусот. Во двата случаи, овие психолошки промени ја променуваат свеста.

Секс на јавни места

Зад оваа фантазија лежи монотонија во спалната соба. Секс на нови места или „забранети“ јавни места носи возбуда.
Ако ова е вашата сексуална фантазија, најверојатно барате релаксација од рутинскиот секс или се обидувате да избегате од нешто.

Страстен, романтичен секс

Оваа фантазија обично вклучува вечера со свеќи, интимност на душата, телото и сл. Свеста дека сме нечија страст и чувство на приврзаност се основни човечки потреби.

Прегледи:
727
Објавено на:
31.10.2018