Доколку сте голем љубител на пиво, ова се неколку дестинации кои не смеете да ги избегнете.
Прага, Чешка
Пред околу илјада години локалните манастири почнаа да произведуваат пиво, а кон средината на 1800-тите, Прага стана центар на националната пивска индустрија. Денес е дом на 28 пиварници и пабови.
Минхен, Германија
Домот на Октоберфест, светскиот пивски настан кој се одржува секоја година кон крајот на септември и почетокот на октомври. На Октоберфест можете да ги пробате најдобрите баварски пива: Augustiner, Hacker Pschorr, Hofbräu, Löwenbräu, Paulaner, Spaten.
Даблин, Ирска
Доволно е да се каже дека најголемата туристичка атракција во Даблин, како и цела Ирска, е една пивница. Пивницата Гинис секоја година ја посетуваат повеќе од девет милиони луѓе. Пивницата, исто така, има бар каде што можете да ги вкусите експерименталните нови пива кои не можете да ги пробате на друго место во светот.
Брисел, Белгија
Белгија е позната по производството на некои од најдобрите пива во светот. Има повеќе од 160 пивници. За држава со помалку од 11 милиони луѓе ова е импресивно.
Осака, Јапонија
Феноменот на занаетчиските пива станува сè попопуларен во Јапонија. Јапонскиот град Осака целосно го прифати овој тренд. Пивницата “Ohshita sisters“ е една од најиновативните и наградуваните пивници во Јапонија. Познати се по нивните комбинации на пива и вина наречени “Minoh Cabernet“. За разлика од многу други пивници кои ги копираат светските стилови, “Minoh“ постојано експериментира со нови вкусови.