Категории

Ова се најлошите парови во хороскопот: Имаат огромна страст, но кавгите меѓу нив се ужасни!

Ова се најлошите парови во хороскопот, дали сте меѓу нив?

Шкорпија и Овен

Овие два знака се преполни со натпреварувачки дух, а ја обожаваат својата приватност и слобода. Поради тоа сексот помеѓу нив е фантастичен, но набргу доаѓа до судар поради силните карактери. Шкорпијата сака да доминира, но Овенот тоа никогаш нема да и го дозволи бидејќи не може да поднесе некој да го контролира.

Рак и Водолија

Раковите се тивки и чувствителни, а Водолиите независни и замислени, поради што никако не се добар спој! Ќе се судрат емоциите и практичните работи. Ракот секогаш ќе сака емотивна интимност, а Водолијата силен партнер кој умее да ја води и насочува низ животот, додека е таа во „облаците“. Нивниот однос е полн со мелодрами, а кавгите полни со ниски удари!

Стрелец и Бик

Ако се најдат овие два знака заедно, ќе настане вистински хаос! Стрелецот сака слобода и промени, а Бикот е насочен кон стабилност, рутина, семејство и мир. Тврдоглавиот Бик ќе се обиде да го смири Стрелецот и тука ќе направи катастрофална грешка.

Овен и Бик

Понекогаш ова е и добра комбинација, бидејќи се работи за два карактери кои се амбициозни, со силна волја и одлучни. Најголема маана на овој однос е што ни едниот ни другиот немаат трпение.

Лав и Девица

Немаат ништо заедничко и некогаш може да се спојат исклучиво поради физичката привлечност и страст. Но, ако се запознаат подобро, кавгите се загарантирани. Ќе има расправии, солзи, префрлување, сѐ што не треба да има во еден здрав однос. Подобро свртете се и одете си!

Вага и Рак

Необичен спој, бидејќи мирната Вага и емотивниот Рак не сакаат конфликти и ги избегнуваат по секоја цена. Ситуацијата честопати ќе биде непријатна бидејќи овие два знаци ретко кога дозволуваат емоциите да преземат контрола над разговорот. Во нивниот однос ќе има многу неизговорени зборови и сето тоа на крај ќе ја уништи нивната врска.

Прегледи:
1045
Објавено на:
15.12.2021