Категории

Ова се најпопуларни машки имиња во Македонија во последните 50 години и нивното моќно значење

Ова е листата на најпопуларните машки имиња во Македонија во последните 50 години, но и нивните значења.

Лука
Значење на името:
Човек од Луканија (место во Италија), доаѓа од збор Leukos – светол, бел
Потекло на името:
Името има латинско и грчко потекло
Познати личности:
Апостолот и Евангелист Лука
Варијации на името:
Лукас, Лук

Никола
Значење на името:
Победа на народот, победнички народ
Потекло на името:
Името има грчко потекло

Марко
Значење на името:
Посветен на Марс, воинствен, борбен
Потекло на името:
Латинско потекло
Познати личности:
Апостолот Марко, Марк Твен итн.

Александар
Значење на името:
Бранител на луѓето, заштитник на луѓето, воин
Потекло на името:
Името има грчко потекло. Исковано е од глаголот alexō – заштитува, брани и именката andros – човек.

Дејан
Значење на името:
Да прави нешто, да биде активен
Потекло на името:
Името има словенско потекло од зборот “деја” – правење нешто
Варијации на името:
Деан

Иван
Значење на името:
Бог е милостив
Потекло на името:
Еврејско потекло, доаѓа од името Јован
Варијации на името:
Иво, Ивица, Јован

Горан
Значење на името:
Човек од планина
Потекло на името:
Името има словенско поткло. Постои и во курдскиот јазик, каде значи: промена.
Познати личности:
Горан Бреговиќ, Горан Вишниќ
Варијации на името:
Горјан

Зоран
Значење на името:
Зора, изгрејсонце
Потекло на името:
Словенско потекло, машка форма на името Зора.

Драган
Значење на името:
Драг, скапоцен
Потекло на името:
Словенско потекло

Дамјан
Значење на името:
Скротител, да скроти, да покори
Потекло на името:
Името има грчко потекло
Варијации на името:
Даме, Демијан

Петар
Значење на името:
Камен, карпа
Потекло на името:
Името има грчко потекло
Познати личности:
Апостол Петар, глумците Питер Селерс, Питер Вилер итн.
Варијации на името:
Петре, Перо

Стефан
Значење на името:
Круна, венец, крунисан
Потекло на името:
Библиско име со грчко потекло
Познати личности:
Стивен Спилберг, Стивен Сегал
Варијации на името:
Стево

Лазар
Значење на името:
Бог е моја помош, Мојот Бог помогна
Потекло на името:
Библиско име со Еврејско потекло, форма на Елеазар
Варијации на името:
Елеазар, Лазарус

Јован
Значење на името:
Бог е милостив
Потекло на името:
Библиско име со Еврејско потекло
Познати личности:
Апостол Јован, многу цареви, папи итн.
Варијации на името:
Иван, Јане, Јохан, Жан, Џон

Матеј
Значење на името:
Дар од Бог
Потекло на името:
Библиско име, со еврејско потекло.

Прегледи:
339
Ознаки:
·
Објавено на:
14.04.2017