Категории

Ова се најпопуларните 10 дестинации за прво патување!

Booking.com спроведе глобално истражување кое открива кои се десетте најпопуларни дестинации за првото патување во странство. Студијата е направена со повеќе од 15.000 луѓе ширум светот. Европа е на самиот врв, 9 од 10 од најпопуларните дестинации се наоѓаат токму тука.

Дали се сеќавате на вашето прво искуство со патување? Ново возбудување, ново сместување и нова дестинација.

Еве се десетте најпопуларни дестинации за прво патување во странство:

1.Париз, Франција

Избран како водечка дестинација за прво патување во странство, Париз го има одговорот на се, без разлика дали сте во потрага за романтично патување за двајца или забава за целото семејство во Дизниленд. Инспирирани од шампањ и соништа, во оваа вечно будна и урбана престолнина ќе ја пронајдете совршената дестинација за уживање во светот на уметноста и културата. Патниците на Booking.com најмногу ги сакаат музеите и парковите во Париз. Фотографирајте се пред Ајфеловата кула од 19 век, уживајте во ѕвонењето  на познатата готска црква во Нотр Дам или посетете го музејот Лувр и уживајте во уметноста, културата и историјата, восхитувајќи се на широкиот спектар на изложени ремек-дела. Прошетајте по улиците на Париз и вкусете ја одличната француската кујна, релаксирајте се со шолја кафе и вашата омилена книга во еден од многуте кафулиња низ градот или прошетајте низ многуте отмени бутици со најновата облека од модната сцена во Париз.

 2.Барселона, Шпанија

Барселона е на второто место за прво патување во странство и е идеална за патници кои сакаат да уживаат во убава топла клима, енергична култура на плажите или на богатата историја на Готската населба. Патниците на Booking.com ја препорачуваат Барселона за архитектура, разгледување  и култура. Овој космополитски град е совршен за љубителите на плажа и уметност, атрактивна шпанска архитектура, познати споменици и вкусна шпанска кујна. Не пропуштајте ја импозантната римокатоличката базиликата Sagrada Familia, која изгледа како да е од бајка. Воодушевете се од необичните детали на Case Battlo  дизајнирани од страна на познатиот Антони Гауди и посетете ја  концертна сала Palau de la Música Catalana од периодот на Art Noveaua која се карактеризира со прекрасна шарена стаклена купола.

3.Лондон, Велика Британија

На третото место за најдобра дестинација за прво патување во странство се наоѓа Лондон. Неговата единствена привлечност  е невозможно да се дефинира, но гостите на Booking.com во британскиот главен град обожаваат шопинг, разгледување и музеи. Од вртоглавиот просперитет во четвртот Belgravia до урбаниот трговски центар Camden Town, од кои секој има свој карактер и шарм. Лондон е совршена дестинација за патници кои сакаат да ги посетат познати светски знаменитости,  да ја прошират колекцијата на облека со  прекрасни антиквитети или најновите модни парчиња или да ги импресионираат клиентите со отмено бизнис патување. Посетете ги светски познатите музеи како што се Националната галерија и во Британскиот музеј, сликајте се пред познати знаменитости како што се Бакингемската палата и на Лондонската кула и уживајте во шопинг во познатите продавници Selfridges и Harrods.

4.Виена, Австрија

Без разлика дали Ве фасцинира уметноста, културата и современата европска префинетост, четвртата најпопуларна дестинација за прв пат во странство, Виена, нуди широк спектар на можности за посетителите. Поминете го Вашиот одмор во посета на многубројните музеи, качете се на трамвај кај палатата Belvedere , или препуштете се на шармот на шопингот  во отмените улици Graben и Kärntner Straße. Посетете ја средновековната катедрала на Свети Стефан и истражете го паркот Prater со импресивното панорамско тркало. Топ препораките на патниците на Booking.com за овој шармантен град вклучуваат музеи, култура и архитектура.

5.Малага, Шпанија

Како одлична дестинација за прво патување во странство, било да барате прва посета на градот или подолг одмор, Малага е совршен град за истражување на убавината на јужниот дел на Шпанија. Обележана е како центар на Коста дел Сол и содржи голем број на убави бутици, интересни кафулиња, модерни барови на покрив и шеталиште на морскиот брег идеално опуштени вечерни прошетки и апсорбирање на  Медитеранот. Овој жив град, исто така нуди голем број на објекти за љубителите на културата. Малага содржи повеќе од 30 музеи, тврдината Alcazaba, ренесансата катедрала  La Manquita и замокот Gibralfaro од 10-иот век кој чудесно се издигнува над брегот. Љубитеите на храна ќе уживаат во медитеранските специјалитети на пазарот  Mercado Atarazanas со многу свежи производи, како и бројни ресторани, кои служат традиционални шпански предјадења.Топ препораките на патници на Booking.com во Малага вклучуваат плажа, храна и музеи.

6.Венеција, Италија

Венеција е совршена дестинација за романтичен градски одмор или апсорбирање на богатата историја и уметност на овој прекрасен град. Патниците на Booking.com, кога се во посета на Венеција најмногу уживаат во музеите, културата и романтиката, па затоа со своите гласови ја сместија Венција на шестото место на листата на најдобрите дестинации за прв пат. Нејзините пловни патишта се скриваиште на богатата историја на градот основана како резултат на трговијата, за чиј интересен спој на елеганција и романтика особено придонесуваат гондолите и светлата на рестораните и баровите во канали. Патниците во Венеција никако не смеат да пропуштат возење во гондола по Големиот канал и под мостот Rialto, посета на познатата катедрала Свети Марко со  позлатени куполи, како и турнеја на готски палати и музеи во Дуждевојата палата.

7.Рим, Италија

Колку пати и да сте го посетиле Рим, неговата богата понуда на шармантни населби, култура, историја, барови и ресторани ќе се погрижат да го истражувате како да сте тука за прв пат. Рим е најдобро да се обиколи пешки бидејќи од античките урнатини на Колосеумот и посета на Пантеон и величествениот  Ватикан, може да дознаете се за богатата историја на овој град. Често е тешко да се најде мирно место во близина на Фонтаната di Trevi и Шпанските скали, па посетите ги во раните утрински часови и набљудувајте како светот поминува, додека уживате во првиот утрински сладолед. Патниците на Booking.com, кои го посетиле Рим, го препорачуваат овој град поради историјата, античките локалитети и култура.

8.Сиднеј, Австралија

Преубавот Сиднеј се најде на осмото место на листата на топ дестинации за прво патување. Без разлика дали сте заинтересирани за одмор на бели песочни плажи, вечери во најдобрите светски ресторани или разгледување и шопинг во трговскиот центарот на градот, тука сигурно ќе најдете нешто за себе. За оние кои се во посета на градот за прв пат, тие се обврзани да ги посетат Сините Планини, познатиот Сиднеј Опера Хаус, и за најхрабрите, и посета на познатиот мост во пристаништето Сиднеј. Ако сакате да доживеете нешто различно, пробајте кампување на островот Какаду, каде што можете да спиете под ѕвездите и да се разбудите со прекрасен поглед. Патниците на Booking.com го препорачуваат Сиднеј за разгледување, авантура  и шопинг.

9.Цирих, Швајцарија

Цирих претходно е избран за еден од градовите во кои повеќето луѓе претпочитаат да живеат ,а е  одличен  за градски одмор и е популарна дестинација за почетокот или за крајот од ски одморот. Овој жив град се наоѓа на сопјувањето на реките и езерата и стана една од најпопуларните европски дестинации. Најдобар е за обиколка на велосипед на кој можете лесно да се истражуваат ветровитите улици, да се разгледуваат црквите и да уживате во прекрасната глетка по должината на реката. Патниците кои се тука за прв пат треба да ја посетат уметничка галерија Kunsthaus, црквата Grossmünster и Fraumünster и да се доживеат турнеја на градот пеш и да откријат 2000 години историја. Патниците на Booking.com го препорачуваат Цирих, поради езерото, разгледувањето и прошетките низ градот.

10.Берлин, Германија

Листата на првите десет дестинации за прва посета завршува со Берлин. Овој заводлив град има се, култура, историја, храна и ноќен живот, и можете да му се враќате повторно и повторно, и секој пат да откриете нешто ново. Историјата е вткаена во секој агол од овој град, како што ќе можете да видите за време на прошетката по остатоците на Берлинскиот ѕид и посетата  на Градската  Палата и популарната атракција Checkpoint Charlie. Ова е град на уметноста, културата и возбудливиот ноќен живот, каде што можете да видите меѓународни уметници на сцените на театрите и оперите и да изберете да го поминете времето во гламурозните или темните барови и клубови. Во летниот период, популарни се забавите на бродови или во парковите, додека во напуштените складишта се забавува во текот на целата годината. Во Берлин, секој ќе најде нешто за себе, а тоа го прави совршена дестинација за прво патување, но исто така и за патниците кои постојано му се враќаат назад. Патниците на Booking.com го препорачуваат Берлин поради историјата, музеите  и знаменитостите.

 

Прегледи:
1010
Објавено на:
28.03.2018