Категории

Oва се најслатките фотографии од Џенифер Лопез и близнаците Ема и Макс

Луѓето често велат дека децата навистина брзо растат. Многу луѓе ќе се согласат со оваа констатација, меѓу кои и Џенифер Лопез и нејзиниот поранешен сопруг, Марк Антони.

Џенифер пред точно 10 години, на 22 февруари 2008 година стана мајка на прекрасните близнаци Ема и Макс. Славниот  пар за првпат ги претстави пред светот слатките новороденчиња во фотосесија за списанието “People”.

Џенифер Лопез секое слободно време го користи за да го помине со своите деца. Многу пати можевме да ги видиме заедно на црвениот тепух, како се релаксираат дома или пак како уживаат заедно на шопинг.

По повод нивниот 10 роденден, ова се нивните најслатки фотографии.