Заборавате за лосионот за сончање
За многу мажи ова е некоја ситница, но всушност лосионот не е воопшто безначаен. И не станува збор само за тоа дали ќе изгори еден дел од телото или не. Од силните изгореници се зголемува ризикот од формирање на клетките на ракот.
Не користите кондоми
Бидејќи мажите не забременуваат, недостатокот на кондом во повеќето случаи не ги плаши многу. Меѓу 2008 и 2012 година случаите на кламидија кај мажите во САД се зголемиле за 25%, а на гонореја со 4%. Многу болести сепак не предизвикуваат сериозни симптоми кај мажите и тие можат да си ги влечат со години.
Пиете премногу кафе
Сите пијат по неколку шолји кафе на ден и тоа го оправдуваат со својата работа и напорниот распоред. Распоредот сепак нема да ви помогне кога ќе имате потреба од операција на срцето.
1 2