Категории

Ова се нашите херои кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома!

Министерот за здравство, Венко Филипче објави фотографија со тимот на Институтот за јавно здравје како благодарност за сѐ што прават во моментов:

„Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период“, напиша на официјалната фејсбук страница министерот за здравство Венко Филипче.