Категории

Ова се раните симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

Дијабетесот е хронично заболување кое се карактеризира со зголемени вредности на шеќер (гликоза) во крвта. Нивото на гликоза во крвта е контролирано од инсулинот, хормон кој се создава во панкреасот. Задача на инсулинот е да помага во придвижувањето на гликозата од крвта во клетките, каде се разложува и се добива енергија.

Доколку не се лекува, дијабетесот не само што може да го намали квалитетот на животот, туку може и да го скрати. Токму поради ова е важно навреме да се открие.

Еден од симптомите е зголемената жед и честото уринирање. Бубрезите не можат да го апсорбираат вишокот шеќер. Поради ова, тој завршува во вашата урина и ги „собира“ течностите од ткивата. Ова ве тера почесто да одите во тоалет и ве дехидрира. За да ја изгаснете жедта пиете уште повеќе течности, а ова води до уште почесто уринирање.

Ако вашето тело не произведува доволно инсулин, не може да ја претвора храната во глукоза, која пак им е потребна на клетките за енергија. Поради ова, вашиот глад не исчезнува дури и после оброк. Всушност, јадењето само ќе го зголеми нивото на шеќер во крвта.

Друг чест симптом за дијабетес е постојаниот замор. Кога го имате ова нарушување ќе се чувствувате заморно и поспано, и тоа од истата причина од која чувствувате глад.

Замаглениот поглед може да биде ран знак за дијабетес. Ова се случува поради менување на нивото на течност во телото, а ова прави леќите во вашите очи да ја менуваат формата. Оваа промена влијае на способноста за фокусирање, па работите ви изгледаат замаглено.

Неочекуваното слабеење е уште еден од симптомите. Телото не може да користи глукоза кога имате дијабетес, тоа почнува да ги согорува масните наслаги и мускулите. Дехидратацијата исто така е причина за слабеење, бидејќи вашето тело ги користи сите достапни течности за создавање урина.

Кожата најчесто потемнува на места каде што се превиткува, како вратот, пазувите, препоните, лактите, колената и зглобовите на прстите. Иако ова може да се појави и кај здравите луѓе, сепак е чест симптом за дијабетес и најдобро е да се проверите.

Колку порано е дијагностицирана оваа болест, толку полесно ќе се справите со неа. Ако забележите кој било од овие симптоми, особено ако се повеќе, посетете го вашиот лекар што е можно побрзо.