Категории

Ова се тајните на кинескиот ѕид

Кинескиот ѕид претставува едно од најголемите светски чуда изградени од човекот.

До него може да се дојде од Пекинг. Од таму структурата се протега од Хусан до Лиаонинг на исток, па се до Џиајугуан на североистокот на земјата.

Кинескиот ѕид е долг 21.196 km. Најпопуларниот и најубавиот дел е подигнат за време на династијата Минг и се протега на 8.852 km помеѓу Хушан и преминот Џиајугуан.

Висината на кинескиот ѕид се движи од 4,5 метри до скоро 12 метри височина, а во најдебелиот дел ѕидот е широк цели 10 метри.

Се верува дека првите делови од ѕидот се изградени уште во 770 година пред новата ера, иако официјално работата на ѕидот не е започната сè до 221 година пред новата ера, за време на императорот Кин Ши Хуанг.

Најголем дел од она што го гледаме денес како остаток од ѕидот е изградено за време на династијата Минг помеѓу 1368 и 1644 година.

Ѕидот бил изграден како заштита во време на војна. Токму затоа, по целата должина ѕидот има стражарски кули.

Подоцна, за време на династијата Хан, кинескиот ѕид бил продолжен за да се заштити трговијата по патот на свилата. На крај династијата Минг не само што го изградила најголемиот дел од ѕидот со дефанзивна улога, туку и обновила и зајакнала голем дел од старите ѕидови.