Категории

Ова се трите најголеми стравови на мажите кои никогаш нема да ви ги признаат

Мажите секогаш се трудат да се покажат како храбри, заштитнички настроени и без никакви стравови. Меѓутоа, вистината е поинаква. Иако никогаш нема да ви признаат, мажите и жените ги делат истите стравови.

Недостаток на искуство

Колку пати сте го излажале својот партнер во врска со бројот на мажи со кои сте спиеле? Истото го прават и мажите. Иако понекогаш сакаат да се фалат со богатото искуство, вистината честопати е поинаква. Секој маж сака да изгледа мачо, поради што измислува за да го постигне тој ефект.

Љубомора

Речиси сите чувствуваат љубомора, но ретко кој ќе ја покаже отворено, бидејќи тоа би значело ниска самодоверба. Ако партнерот не покажува љубомора, кога му спомнувате поранешно момче или колега, тоа не значи дека не е љубоморен. Тие секогаш се грижат и се споредуваат со мажите во вашата околина само што никогаш нема да го признаат тоа.

Пари

Познатиот синоним за моќ. Општеството и понатаму го диктира непишаното правило дека мажите требаат да бидат одговорни за финансиската сигурност на семејството, но има и многу семејства кои одамна не се водат по тоа правило, па дури жената заработува и повеќе од мажот. Меѓутоа, ни тогаш не му е сеедно на мажот, бидејќи тој смета дека доколку не заработува доволно никогаш нема да се оствари како маж. Треба да сфатат дека парите не се предуслов да имаат жена покрај себе, туку нивната грижа, љубов и внимание.