Категории

Ова се златните правила при нанесување на парфем за да трае подолго

Нанесувањето на парфем бара одредена вештина и умешност, за да бидете сигурни дека мирисот ќе се задржи со ист интензитет на вашата кожа во текот на целиот ден.

Речиси секоја жена има пронајдено парфем кој совршено ја опишува и и прилега и со години не се откажува од него. Поврзаноста помеѓу карактерот на една жена и изборот на парфемот открива која е всушност таа.

Ова се златните правила при нанесување на парфем:

Не ги тријте рацете – Со триењето на рацете ја загревате кожата, која тогаш ослободува ензими кои ја менуваат структурата на вашиот парфем. За да остане мирисот непроменет и за да уживате во својата омилена нота, само испрскајте парфем и оставете го да се исуши.

Изберете мали пакувања – Долго отворениот парфем е подложен на влијание на кислород и во тој момент кислородот почнува да ги уништува мирисните молекули, што доведува до промена на мирисот. Поголеми се шансите тоа да се случи кај парфемите во големо пакување бидејќи ќе ви биде потребно повеќе време да ги потрошите.

Стратешки изберете ги местата на кои ќе го нанесете парфемот – За да трае мирисот на вашето тело подолго, важно е да ги изберете местата на кои ќе го нанесете парфемот. Нанесувајте го на места кои се изложени на воздух, а мала количина може да нанесете и на косата, а на овој начин вашиот парфем ќе се чувствува насекаде.