Неодамна се појави видео во кое е прикажано необичното милениче на едно семејство од село Белица. Станува збор за срничката Бамби која слободно се шета низ домот на овие луѓе, јаде од рацете на домаќинката мандарини и ужива во прекрасната домашна спокојна атмофера заедно со домашниот жолт мачор.
Срничката е со семејството веќе една година, откако ја пронашле целата изнемоштена и гладна. Семејството чија куќа е блику до шумата ја чува и храни и е милениче на цела Белица.