Метаболизмот на бебето не добива доволно хранливи материи, па затоа гради повеќе масни клетки како заштита на организмот.

Првородените деца се покрупни од своите браќа и сестри, тврдат научници од Универзитетот Окланд. Новозеландските истражувачи спровеле истражување во кое споредиле 30.000 жени во текот на бременоста. Заклучокот до кој дошле е дека првородените деца имале 30% поголем ризик да умрат на раѓање во однос на своите браќа и сестри. Токму таа компликација во текот на бременоста е причина за нивната подоцнежна склоност кон дебелеење.

Метаболизмот на бебето не добива доволно хранливи материи, па затоа гради повеќе масни клетки како заштита за идните тешки времиња, објаснуваат научниците.

Тие не негираат дека и за дебелината на првородените деца може да биде виновен и фактот дека родителите кои прв пат се соочуваат со таа улога му даваат премногу храна на детето, грижејќи се да не остане гладно. Непотрошените калории се складираат во масните клетки од кои подоцна тешко се ослободуваат.