Категории

Оваа 102 годишна жена побарала да биде уапсена – полицијата и ја исполнила желбата

Edie Simms е примерен граѓанин од Сент Луис, Мизури, таа има 102 години и дури волонтира во пензионерскиот дом, создавајќи и донирајќи рачно изработени футроли за наочари, перници, марами за резидентите во центарот.

ediesimms1

Зошто оваа жена била уапсена? Одговорот е едноставен – таа тоа го сакала.

ediesimms7

Како и многу луѓе таа имала листа со желби што сака да си ги исполни пред нејзината смрт, а една од нив била да биде уапсена и да се вози во полициско возило. Звучи неверојатно, но нејзините пријатели и ја исполниле желбата.

Имено еден пријател од пензионерскиот дом имал пријател полицаец, па така таа била уапсена и добила шанса да се вози во брзото полициско возило, во меѓувреме покажувајќи ги гордо лисиците на рацете.

ediesimms5

ediesimms4

ediesimms2

ediesimms6