Категории

Оваа храна го зголемува ризикот од добивање на дијабетес

Дебелината, пушењето, алкохолот и неактивноста го зголемуваат нивото на шеќери во крвта, но постојат и здрави видови на храна кои го имаат истото дејство, а не сме свесни за тоа.

Една од тие е цреното месо. Црвеното месо го зголемува ризикот и од развивање на дијабетес. Ако секој ден на вашето мени имате црвено место, шансите да добиете дијабетес тип 2 се големи.

Многу е важно во исхраната да е застапен зеленчукот, но би требало да знаете и дека не е сеедно кој зеленчук го консумирате. Ако вашата исхрана се однесува само на зеленчук богат со скроб, како компири или грашок, нивото на шеќер во крвта бргу ќе порасне.

Само една виршла или две парчиња сланина го зголемуваат ризикот од добивање на дијабетес за 51 процент. Причина за тоа е големата количина на конзерванси и сол во таквата храна.

Ако не јадете слатки, но редовно консумирате суво овошје, би требало да знаете дека и тоа содржи големи количини на шеќери, па наместо суво, подобро одлучете се за некое свежо овошје.