Категории

Оваа мајка го доби најубавото изненадување за Божиќ од нејзината ќерка

Новата година и Божиќните празници се краток период, исполнет со љубов и среќа кои се споделуваат со најблиските во семејството. Претставува прилика за исправување на грешките од претходната година, но секако и за правење добри дела.

Претходната година, оваа девојка се одлучи да ја изненади својата маќеа со божиќен поклон што го правела дванаесет години. Поголем дел од нејзиниот живот, 21-годишната Мариса Таман пораснала без мајка. Нејзината биолошка мајка, Мередит, починала кога Мариса била 3-месечно бебе. За нејзина среќа, нејзиниот татко се преженил со прекрасна жена кога Мариса имала 9 години, со цел да го пополни недостатокот на мајка.

stepmom

Поради тоа, Мариса се одлучила да и се заблагодари на Хедар, нејзината маќеа, која и ја давала нејзината безусловна љубов и која вели дека ја израснала во цврста и силна девојка. Поради тоа, се одлучила да и го даде најубавиот подарок за Божиќ.

adopt-christmas-3

Се работи за писмо и неколку листови хартија. Можеби не изгледа многу, но изгледот лаже. После толку години посветеност и дадена љубов, Мариса ја изненади со документи за посвојување и ја праша дали би сакала да и биде официјално мајка. Дури ни нејзиниот татко не знаел за изненадувањето.

Ти си најдоброто нешто што некогаш ми го дал мојот татко. Нарекувајќи те маќеа, за мене тоа е навреда. Вложениот труд во мене е нешто што никогаш нема да може да биде заменето. Ти благодарам што беше мајката што ја барав.-вели Мариса во нејзиното писмо.

 adopt picture

Никогаш нема да знаеш дали и колку си навистина добар. Едноставно, треба да се трудиш максимално и да се надеваш дека луѓето го ценат твојот труд.-вели Хедар низ солзи.

Прегледи:
523
Објавено на:
19.01.2017