Категории

Оваа млада прекрасна жена е посебна. Погледнете зошто!

Младата 22 годишна сноубордерка Brenna Huckaby на прв поглед не се разликува од своите врснички кои се занимаваат со овој спорт.

Но, на втор поглед и на втората слика од едиторијалот во славниот магазин Sports Illustrated, се забележува дека таа е се само не обична. Brenna е параолимпијка и прва убавица со инвалидитет на насловна страна на овој магазин.

Таа пред 8 години е успешно излечена од рак на коски – но поради болеста неопходно било да и се ампутира едната нога. Во интервјут за овој магазин таа вели дека тој период од својот живот бил најтежок за неа, но по закрепнувањето се вљубила во бордањето, бидејќи таа како поранешна гимнастичарка не можела да си го замисли животот без спорт.

Нејзиниот едиторијал и интервју навистина и се случиле во вистински период од животот: „Реакциите се позитивни и мотивирачки, а на тоа и се надевав. Пред снимањето помислив: Ова ќе ми донесе и добро и лошо… Сакав ова да го направам на вистински начин. Сакав на вистински начин да ги претставам жените со одреден хендикеп“.

И успеала во тоа. Зар може некој да ја оспори силата и убавината на оваа млада девојка полна со живот? Девојка кои не се срами од своето тело такво какво што е, која не сака да биде во сенка на својот успех и целиот свет да ја запознае токму онаква каква што е!