Категории

Оваа намирница ја користиме сите, а одговорна е за смртта на 500.000 луѓе годишно

Трансмасните киселини се типичен нуспроизвод на (делумно) стврднување (хидрогенизирање) на масти, а се наоѓаат највеќе во маргаринот и мастите кои се користат за печење.

Тука спаѓаат масните состојки во тестото, филовите, но и маста со која се подмачкуваат калапите. Маргаринот, за кој се смета дека е здрава алтернатива на путерот, содржи транс масти, кои се причината за смртта на половина милион луѓе годишно, покажува истражувањето на Светската здравствена организација (СЗО).

Во меѓувреме е докажано дека транспасните киселини се фактор со ризик за настанување на коронарните болести на срцето (болести кои настануваат по намалениот проток на крв низ срцевите артерии) и неочекуваните срцеви удари кои доведуваат до смрт. Постојат уверливи докази и за поврзаноста со други болести, а особено со кардиоваскуларните заболувања.

Како да препознаете производ кој содржи транс масти?

Доколку видите производ на кој пишува „делумно хидрогенизирани масти“, тогаш тоа значи деа содржи трансмасна киселина. Во Австриј во 2009. година, се воведени прописи, со кои се забранува продажба на производи со количина на трансмасни киселини штетни по здравјето. Тоа значи дека нивното количество во намирниците и маслата, не смее да биде поголемо од 2%.

Прегледи:
411
Објавено на:
22.05.2018