Категории

Оваа Нова Година посетете го градот со богата историја и култура, уникатни вкусови и посебна магија

Град кој ви раскажува илјадници приказни додека шетате по неговите улици, за некои други времиња, за многу традиции, за могу култури. Византион, Константинопол, Цариград или Истанбул, сеедно е како ќе го наречеме…тоа е град со многу вкусови, со многу магија и еден посебен дух. 

Ќе ве шармира со умешно испреплетените дози на минатото и модерното. Ќе талкате низ него истражувајќи ги сите историски знаменитости кои оставаат без здив, џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци, кули. Тие сведочат за други времиња, а дел од градот ви раскажува една модерна и динамична приказна, тој дел од градот ќе ви даде поглед кон иднината и модерниот начин на живот.

Град кој е желба на многумина и љубов на сите кои ќе го посетат. Истанбул е град кој мора секој да го посети барем еднаш во животот, а бројните туристички понуди можат лесно да ве однесат во овој величенствен град.

Како навистина да го доживеете градот каде што патувате? Не се фокусирајте само на историските и културните локалитети, туку прошетајте по улиците, погледнете ги скриените богатства на градот. Пробајте нешто што дотогаш го немате пробано, јадете што јаде локалното население, напијте се пијалок традицонален за државата каде сте. Само така најдобро ќе го почуствувате местото.

Истанбул е убав во секое годишно време, во пролет со расцветени милион цветови кои му даваат посебен шарм на градот, но и наесен, со есенското шаренило. Посебна убавина има во зимскиот пероод, кога пријатната клима и морскиот воздух се вистинско освежување. Зошто не би ги поминале новогодишните празници во Истанбул?

Доколку не сте го посетиле досега овој град, имате одлична можност да ја започнете новата година со нова авантура во градот кој лежи на два континента.

Одличната понуда на Флај Туризам ве носи на незаборавно патување во градот кој ви нуди изобилство од историја и култура, модерни клубови и ресторани, незаборавни вкусови и прошетки.

Прегледи:
473
Објавено на:
22.12.2017