Категории

Оваа жена купила јајце со ембрион од виетнамски ресторан и сега има патка за домашно милениче!

Избирањето на идеално милениче не е секогаш лесно. Треба да се земе в предвид фактот дека треба да се грижите за него секој ден, да ги исполнувате неговите потреби, неговиот темперамент понекогаш може да ви предизвикува главоболка и најважно од сѐ треба да го сакате. 

И покрај сите овие предуслови, една 39-годишна жена од Малезија решила да ризикува и да ги изненади своето семејство и пријатели со својата одлука… Да се грижи за патка.

Сѐ започнало кога Лим купила оплодено јајце од патка од еден Виетнамски ресторан кој продавал јајца од патка со ембриони во нив, познати под името – балут. Балут е контроверзен филипински оброк кој подразбира јадење на јајце кое во себе има ембрион од патка од лушпата. Лим одлучила да купи едно такво јајце и да го одгледува дома.

Од желбата да одгледа патка, таа го ставила јајцето во инкубатор.

На нејзино изненадување, две недели подоцна, од лушпата излегло мало пајче, а таа станала „мајка“.

Лим веднаш се вљубила во пејчето и на овој начин нејзиниот експеримент прераснал во прекрасно пријателство.

Патаката наречена Бибит обожава вода, па честопати ја наоѓа во бањата да ужива во омиленото хоби.

Доколку е тивка, значи дека е зафатена со некакви активности. Во голем дел од случаите, Лим ја наоѓа како уништува нешто во баањата.

Како и да е, таа сака да поминува време со својата сопственичка додека таа чита книга или гледа Нетфликс.

Заедно гледаат филмски маратони и сѐ останато што прават сите оние кои живеат во град. Бибит е градска патка и навистина ужива во целото искуство.

Лим вели дека Бибит снесува јајца на секоои 25 часа, па на тој начин таа има неограничен залиха на јајца кои сака да ги дели со своето семејство и пријатели.

„Патките се одлично друштво. Мојата Бибит е шармантна и ми пружа многу внимание. Се надевам дека повеќе луѓе ќе сфатат колку е забавно да се има патка за домашно милениче“, вели Лим.