Категории

Оваа жена се плашела од пит булот на соседот, сѐ додека не ѝ го спасил животот

Ова е Симба – дружељубив и мил пит-бул. Но, за жал, некои луѓе го сметаат за страшен едноставно поради неговата раса. Но, неодамна слаткото кученце им покажа дека грешат. Симба живее во стан во Шведска со неговиот сопственик Арџанит Механа. Таму, и покрај пријателскиот пристап на кучето, многу луѓе во зградата се плашат од него.

Особено една сосетка, постара жена, која живее еден кат подолу, била особено воздржана кога станува збор за Симба.

„Тој секогаш се обидувал да ја поздрави, но таа го гледала со страв“, вели сопственикот Механа. „Никогаш не ѝ се допаднал затоа што тој беше „ лоша “раса.“

Неколку денови подоцна, Механа и Симба се враќале дома од прошетка кога поминале покрај вратата на сосетката. Во тој момент кучето почнало да се однесува чудно.

„Застана“, раскажува Механа. „Тој почна да лае и да трча кон вратата каде што живее сосетката. Јас го повлеков поводникот, но тој одбиваше да тргне“,

Одеднаш Механа забележал слаб звук кој доаѓа однатре: „Слушнав како вика сосетката со тивок изнемоштен  глас и бара помош“ . Таа рече:„ Те молам, не оди “.“

Вратата била отклучена, па Механа ја отворил – гледајќи ја неговата сосетка падната на подот. Два дена лежела со скршен колк и никој до тој момент не забележал дека нешто не е во ред со неа. Но, Симба ја почувствувал нејзината неволја на време. На овој начин Симба го спасил животот на сосетката.

Таа сега знае дека „лошото“ куче има најдобро срце.

Прегледи:
541
Објавено на:
05.12.2019