Категории

Ваков чизкејк не сте пробале: Неодолив колач со бисквити крие едно изненадување

Сосема е можно да се ужива во здрави слатки. Пробајте го овој вкусен колач и никогаш повеќе нема да сакате да купувате слатки.

Чизкејкот стана највкусен десерт без кое не може да помине ниту една прослава, а овој крие вкусно изненадување – тиква!

 

Состојки:

Кора:

  • 50 гр путер
  • 300 гр мелени бисквити по желба

Фил:

  • 500 гр крем сирење
  • 400 гр пире од тиква
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажица сируп од агава
  • 1 лажица ванила
  • 1 лажичка цимет
  • ½ лажичка морско оревче
  • 4 јајца

 

Подготовка:

Ставете ги издробените бисквити и путерот во тркалезна тава и рамномерно распоредете ги. Печете ја кората 5 минути на 180 ° C за да се стегне. Направете полнење од останатите состојки. Изматете го полнењето со миксер и ставете го преку кората. Печете ја целата смеса 1 ч на 180 ° С. Можете по избор да премачкате со павлака и дополнително да печете околу 7 минути на иста температура.

Прегледи:
712
Објавено на:
12.12.2019