Пред крајот на ладните зимски денови, дали размислувавте да ја освежите гардеробата на своите деца со некои парче облека, бидејќи поголемиот дел од облеката од минатата година веќе е надрасната? Овие денови имате одлична можност да го направите тоа, без да почувствувате терет врз вашиот домашен буџет.
Имено, во продавницата на „Wenice multi brand kids fashion“, која е лоцирана во Рамстор Мол, вчера започна големата акција на огромни попусти, позната како „Garage sale“, која ќе трае се до 11-ти овој месец.
Во деновите на најголемите попусти, во „Wenice multi brand kids fashion“ имате неповторлива шанса да ги израдувате вашите најмили со квалитетни, убави и модерни парчиња облека по намалени цени. Во продавницата на овој реномиран бренд ќе најдете се што ви е потребно за секое дете од неговото раѓање па се до 16 годишна возраст.
Секое парче, без разлика дали станува збор за бебешка или детска облека, е направено од висококвалитетен памук и природни материјали. Покрај големиот избор на облека, составен дел од продажните парчиња во продавниците на „Wenice multi brand kids fashion“ се и модните додатоци за децата, опремата за новороденчиња, лизгалки, нишалки, куќарки како и огромен избор на играчки за момчиња и девојчиња.
Искористете го најголемиот попуст до -70% кој е во тек и ќе трае до 11-ти февруари и облечете го своето дете од глава до пети за сезоната што претстои, а притоа сето тоа ќе го добиете со цени намалени повеќе од половина. Подарете внимание, љубов и среќа во срцата на вашите најмлади членови во семејството.