Цирих, главниот град на Швајцарија е микс на историја, традиција, млад и романтичен град. Овој град важи и за град со најдобар и најбогат квалитет на живот во Европа.
Цирих се наоѓа на бреговите на реката Лимат, Шил и Циришкото езеро. Во последните 100 години, Цирих е претворен во метропола и туристичка дестинација. Градот е поделен на два дела со реката Лимат, додека Алпите се ноѓаат на само 30 километри од градот.
Еден од најстариот оригинален зачуван паб, Опфелхема, кој се наоѓа во срцето на стариот град навистина мора да го посетите. Исто така, мора да го пробате и традиционалното фонду. Најдоброто фонду можете да пробате во ресторанот Виртшафт Дегенрид или Фонду Трам, ресторан кој се наоѓа во олдтајмер трамвај.
Благодарение на креативноста на швајцарските кувари можете да јадете овошје со фонду од чоколадо и многу други комбинации.