Категории

Овде живеел познатиот гангстер: Погледнете како изгледа куќата на Ал Капоне

Куќата во која живеел еден од најпознатите гангстери, Ал Капоне е вилата позната како 93 Palm, се наоѓа во Мајами покрај островот Palm island. Изградена е во 1922. година, а вкупната површина на куќата изнесува 11 илјади квадратни метри.

Вилата на Ал Капоне неодамна е обновена, а изгледа исто како во старите гангстерски филмови, а нејзината вредност е проценета на околу 15 милиони долари. Вилата има 7 спални соби и 5 тоалети.

На подрачјето на комплекост се наоѓа одвоен пансион, мал бунгалов и голем базен, како и пространа зелена површина. Поради сигурност куќата е опкружена со ѕид од два метри, а можеме само да замислуваме како Ал Капоне го поминувал времето во неа.

Прегледи:
510
Објавено на:
29.11.2018